Бившиот француски претседател Никола Саркози денеска се појави пред истражен судија во врска со долгогодишниот процес за скандалот со злоупотреба на средства од неговата неуспешна претседателска кампања од 2012 година.
Саркози кој е потенцијален кандидат на Републиканците за изборите во 2017 одговарал на прашаа во врска со аферата Бигмалион.
Тој повеќепати демантираше дека знаел за двојното книговодство и лажните сметки во вредност од околу 18 милиони евра кои ги издала компанијата Бигмалион надлежна за организација на настанот, кои се двојно поголеми од законски ограничените.
Официјалната истрага за финансиски престап е покрената против четворица функционери од кампањата, вклучувајќи го и менаџеро и благајникот додека Саркози во книгата што ја објави минатиот месец напиша дека е тешко да се поверува оти е е тоа вистина и дека не знаел ништо за таа компанија се додека не избил скандалот.
Истражните органи можат да покренат истрага против Саркози или да го прогласат за сведок во случајот.




