Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сашо Тасевски е нов директор на БЈБ

0
By Нова ТВ on August 22, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата, на својата денешна 84. редовна седница, донесе одлука Сашо Тасевски, магистер по безбедност и докторант на Факултетот за безбедност, да биде назначен за нов директор на Бирото за јавна безбедност. Тој доаѓа на местото на Лазе Велковски, кој минатата недела беше разрешен од функцијата во МВР, по скандалот со службениот џип.

Тасевски стана познат во македонската јавност по случувањата во Собранието на 27 април минатата година, кога како лично обезбедување на Оливер Спасовски, заедно со уште неколку свои колеги, не дозволија да дојде до поголемо крвопролевање, па и смртни последици по функционерите на СДСМ и ДУИ, кои во прес салата на Собранието беа нападнати од разулавената толпа.

Во биографијата на Тасевски стои дека е искусен полицаец, кој во МВР работел од 2001 година. Од пред неколку месеца е раководител на Управата за обезбедување личности и објекти на МВР, а во својата досегашна кариера работел како обезбедување кај поранешниот претседател Бранко Црвенковски, во одделот за странски делегации, како и кај техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.

На почетокот на кариерата Тасевски бил припадник на единицата за специјални задачи „Тигар“.

БЈБ Сашо Тасевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.