Published: Thursday, August 6, 2015 15:29
Најмалку 17 лица загинале при напад на бомбашки-самоубиец во џамија во јужниот дел на Саудиска Арабија, објавија тамошните локални медиуми, пренесуваат новинските агенции.
Жртви на нападот биле припадници на единицата за државна безбедност – специјални сили за вонредни ситуации, кои се наоѓале во верскиот објект.
Нападот бил извршен во провинцијата Асир, југоисточно од Мека, во близина на границата со Јемен.




