Три фудбалски стадиони во Саудиска Арабија ќе дозволат и жените да влегуваат на фудбалските натпревари од јануари следната година, соопшти тамошното министерство за спорт.
За сега официјално е дека Кинг Фад стадионот во Ријад, Кинг Абдула стадионот во Џеда и Принц Мохамед бин Фад во Дамам ќе дозволат жени на трибините.
Жените за прв пат влегоа на фудбалски стадион минатиот месец за времето на национален празник. Тие седеа одвоени од мажите.
Се чини дека Саудиска Арабија полека воведува реформи откако минатиот месец, земјата соопшти дека ќе им дозволи на жените да возат автомобили.