Најмалку 25 цивили загинале, а 40 се повредени при воената операција (воздушни напади) на Саудиска Арабија во Јемен, северно од главниот град Сана, изјави претставник од Министерството за здравство.
Нападите се насочени против Хутите, а според амбасадорот на Саудиска Арабија во САД, тие се со цел да се заштити “легитимната влада” на претседателот Абдрабу Мансур Хади.
Поддржувачите на Хади велат го заземале аеродромот Ејден по тешки борби со Хутите.
Според саудискиот амбасадор во САД, бунтовниците кои го избркаа од резиденцијата јеменскиот претседател Андерабу Мансун Хади и за кои се верува дека имаат поддршка од Иран секогаш го бирале патот на насилството.
Американскиот Стејт Департмент соопшти дека во текот на вечерта контактирал со претседателот на Јемен, но дека не може да наведе каде тој се наоѓа.
– Ние бевме во контакт со него. Тој повеќе не е во својата резиденција. Јас не сум во позиција од овде да потврдувам дополнителни детали за неговата локација, изјави портпаролката Џен Саки.
Во меѓувреме министерот за надворешни работи на Јемен, Ријад Јасин рече дека доколку бунтовниците го заземат градот Ejден каде што се наоѓа претседателската палата на претседателот Хади, тоа би значело “почеток на граѓанска војна”.
Тој исто така предупреди на евентуална доминација на Иран над целиот Арапски полуостров, бидејќи постои сомневање дека таа држава им помага на бунтовниците, пренесе француската агенција.




