Македонија, Косово и Молдавија се најдоа меѓу земјите кои бележат најголем пад на населението во светот, покажува новиот извештај на Светската банка.
Главната причина за овој тренд е масовната емиграција, особено од источноевропските земји каде што разликата во платите со државите од Западна Европа и можностите што ги отвора интеграцијата во Европската унија поттикнуваат иселување на работната сила.
Албанија е рангирана на деветтото место на листата од вкупно 42 земји и територии со најголемо намалување на населението.
Според Светската банка, регионот на Источна Европа во последните децении е еден од најпогодените од ваквиот демографски тренд.