Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СБ на ОН ниту ќе дискутира, ниту ќе одлучува за Договорот

0
By Нова ТВ on October 3, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во реакциите по референдумот во Република Македонија, покрај мноштвото пораки на поддршка за изгласување на Договорот од Преспа во македонскиот Парламент, со дијаметрално спротивен став излезе официјална Москва, која преку руското МНР порача дека референдумот дефитинивно е неуспешен и дека за евентуалниот договор меѓу Македонија и Грција ќе треба да одлучува и Советот за безбедност на ОН, што од медиумите, особено во Грција, беше оценето како прикриена закана за руско вето во ОН.

Според договорот потпишан меѓу Република Македонија и Република Грција, постапката во Обединетите нации е утврдена и ги предвидува следниве чекори:

Прво, откако ќе се заврши процесот на имплементација или уставните промени во Република Македонија и ратификација на договорот во грчкиот Парламент,  генералниот секретар на обединетите нации ќе испрати информација до Советот за безбедност на ОН дека прашањето е затворено со взаемна согласност на двете страни.

Второ, Советот за безбедност на ОН за оваа информација нема ниту да дискутира, ниту да одлучува.

За тоа говорат прецизните ставови 5,6 и 7 од член 20 од договорот:

– Разликата и преостанатите прашања наведени во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на ОН ќе се сметаат за решени по влегувањето во сила на оваа спогодба.

– Што е можно поскоро по влегувањето во сила на оваа спогодба, страните или една од страните ќе го извести генералниот секретар на Обединетите нации за влегувањето во сила на оваа спогодба, како и за датумот на кој истата влегла во сила, а со цел нејзино спроведување во Обединетите нации.

– Оваа спогодба не е насочена против која било друга држава, ентитет или лице. Таа не ги загрозува правата и должностите кои произлегуваат од билатералните и мултилатералните спогодби кои се веќе во сила, а кои двете страни ги склучиле со други држави или меѓународни организации.

Во Македонија во неделата беше организиран референдум на кој граѓаните одговараа на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција“. „За“ гласаа 91,46 отсто од граѓаните кои излегоа на гласање, а  „против“ беа 5,66 од вкупно излезените 666.344 избирачи или 36,89 отсто од вкупниот електорат во Македонија.

Поддршка од опозицијата за уставните амндмани или распишување на предвремени избори се двете опции што ги најави премиерот Зоран Заев веднаш по добивањето на резултатите од референдумот заради посветеноста кон натамошната имплементација на Договорот од Преспа. И власта и западните лидери, но и аналитичарите во земјата и надвор, сметаат дека сега е клучно да се обезбеди двотретинско мнозинство во Парламентот, односно пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја следат волјата на повеќе од 600.000 граѓани кои гласаа и го поддржаа договорот. Укажуваат дека со оглед на фактот дека речиси 80 отсто од населението во Македонија го поддржува влезот на земјата во ЕУ и НАТО од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се очекува да покажат одговорност за иднината на земјата. Според најавите на премиерот Заев, ако ВМРО-ДПМНЕ сепак одлучи да блокира тогаш нема друга опција освен предвремни парламентарни избори.

Договор Руско МНР СБ на ОН
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.