СДСМ попладнево ја објави целата содржина на Предлог-резолуцијата за дефинирање на црвените линии.
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче на денешниот брифинг со медиуми ја презентираше содржината на Предлог-резолуција за дефинирање на заедничките државни и национални позиции за продолжување на процесот на зачленување на Република Северна Македонија во Европската Унија.
Тој посочи дека предлог резолуцијата произлегува од стратешките национални интереси пред се интересот на граѓаните и огромниот процент на поддршка за процесот на пристапување кон ЕУ. Филипче додаде дека со овој документ ќе се отстранат сите грижи, сомнежи и дилеми поврзани со заштитата на идентитетските обележја во текот на процесот на пристапување со Европската Унија.