Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ ја претстави платформата „МИЦКО“ и ги повикуваа граѓаните да пријавуваат корупција

0
By Zoran Ivanov on December 16, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 16, 2025 14:57

Антикорупцискиот тим на СДСМ – АКТ денеска ја претстави новата дигитална платформа за борба против корупцијата и организираниот криминал.

Станува збор за Македонски Истражувачки Центар за Корупција и Организиран Криминал – МИЦКО, достапен на веб-страницата www.micko.mk, којa, како што велат од партијата, има за цел истражување, анализа и архивирање на јавно достапни материјали поврзани со наводни корупциски случаи во државата.

Платформата собира, анализира и систематизира информации од различни извори со цел да се обезбеди поголема транспарентност и информираност на јавноста“, изјави генералниот секретар на партијата, Александар Саша Димитријевиќ.

Според најавите, МИЦКО ќе се фокусира на длабинско истражување на тендери, медиумски објави и случаи на корупција, вклучително и судири на интереси и сомнителни операции во политиката, јавниот сектор и институциите на локално и централно ниво.

Платформата ќе функционира и како архивски регистар на наводни случаи, со наведени извори, датуми и релевантни детали, што ќе овозможи полесен пристап и пребарување за граѓаните, новинарите и истражувачите.

На МИЦКО веќе се објавени досегашните случаи обелоденети од АКТ, меѓу кои: случај со фирма со двајца вработени, основана минатата година, која добила тендери вредни околу 9 милиони евра, случај со компанија која добила 161 тендер во вкупна вредност од 5,3 милиони евра, како и случајот со преземањето на Алта банка, за кое СДСМ тврди дека е дозволено од НБРМ под сомнителни околности и со сомнителен капитал.

Од денеска платформата е активна и целосно оперативна, а од СДСМ упатија повик до граѓаните, невладините организации, новинарите, медиумите и истражувачите да се вклучат и да дадат придонес.

Платформата, како што додаваат од опозициската партија, овозможува и директно пријавување на корупција и криминал, со можност за прикачување документи, при што пријавите можат да се поднесат и анонимно.

 

мицко Платформа СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.