Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ ќе ја повика европската обвинителка Лаура Ковеси да ги испита наводните злоупотреби на ИПАРД-фондовите

0
By Zoran Ivanov on December 3, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

СДСМ најави дека ќе ја повика главната европска обвинителка, Лаура Ковеши, да ја посети Македонија и лично да се запознае со, како што тврдат од партијата, сериозни малверзации со европските фондови, меѓу кои и ИПАРД програмата, за кои ја обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ.

Не сакаме државата да остане без финансиска поддршка поради злоупотребите што ги прави ВМРО-ДПМНЕ со европските пари, соопштија од СДСМ, нагласувајќи дека ја губат довербата во домашните институции.

Според партијата, причините се двојни – постојан политички притисок врз институциите и, како што наведуваат, обиди на власта да ги заштити своите функционери од одговорност. „Немаме доверба во институциите, бидејќи врз нив секојдневно се врши притисок и затоа што власта прави се за да ги заштити своите од прогон“, се вели во реакцијата.

Од СДСМ потсетуваат и на, како што го оценуваат, конкретен сигнал за корупција, посочувајќи дека директорот на Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој бил уапсен поради сомнежи за злоупотреби поврзани со европски средства. „Имајќи предвид дека злоупотребите биле вршени од страна на власта, должност ни е да ја информираме европската јавност и Европското јавно обвинителство“, наведуваат од партијата.

Во таа насока, СДСМ најавува дека ќе се обрати до Европското јавно обвинителство, кое, како што наведуваат, е надлежно за истраги поврзани со злоупотреба на средства од европските фондови, вклучувајќи ја и ИПАРД програмата. „Ова не е темен вилает во кој некој може неказнето да си игра со судбината на државата и да ги краде граѓаните“, порачуваат од СДСМ.

Партијата потсетува дека Европското јавно обвинителство е независно тело на Европската Унија, задолжено за истраги и гонење на кривични дела што ги загрозуваат финансиските интереси на Унијата, меѓу кои измами, корупција и перење пари поврзани со фондови како IPARD, дел од претпристапните ИПА-средства.

„Работата сè уште не е завршена“, порачуваат од Антикорупцискиот тим на СДСМ.

 

 

ипард ковеси ПОВИКА СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Руски астронаут отстранет од мисијата на „Спејс икс“ поради сомнение за шпионажа

December 3, 2025

Син на украински политичар е жив запален во Виена, момчето имало само 21 година

December 2, 2025

Вонреден говор на Вучиќ: Немаме добри вести, Русите не сакаат да продаваат

December 2, 2025

Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан

November 30, 2025

Швајцарија: Граѓаните гласаа против оданочување на многу богатите

November 30, 2025
ФОКУС

Ушаков: Разговорот меѓу Путин и Виткоф беше корисен, конструктивен и значаен

ВЕСТИ December 3, 2025

Разговорот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, беше корисен,…

Уставната судијка Дабовиќ-Атанасовска се повлече, вели дека оставката е од лични и семејни причини

December 2, 2025

Уапсена бившата шефица на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини, обвинета е за финансиска измама

December 2, 2025

САД не гледаат потреба Рубио да присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО

December 2, 2025
ТИКЕР

Руски астронаут отстранет од мисијата на „Спејс икс“ поради сомнение за шпионажа

December 3, 2025

Син на украински политичар е жив запален во Виена, момчето имало само 21 година

December 2, 2025

Вонреден говор на Вучиќ: Немаме добри вести, Русите не сакаат да продаваат

December 2, 2025

Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан

November 30, 2025

Швајцарија: Граѓаните гласаа против оданочување на многу богатите

November 30, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.