Социјал демократскиот сојуз на Македонија денеска преку соопштение ги повика ВМРО-ДПМНЕ да овозможат мирен трансфер на власта и да престанат да ги блокираат државните интереси.
Неопходно е опозицијата, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да постапат во интерес на граѓаните и да престанат со сценаријата на нестабилност и криза со коишто не можат да ги спречат правдата и промените. Македонија има легитимно парламентарно мнозинство од 67 пратеници зад кое застанаа околу 700 000 граѓани. Должност на тоа мнозинство е да избере нов претседател на Собранието, согласно Уставот, законите и Деловникот, а потоа и нова реформска Влада која ќе ја заштити унитарноста и ќе обезбеди правда и квалитетен живот за сите, повикува СДСМ.
Тие велат деква поради ВМРО-ДПМНЕ во прашање е доведена и егзистенцијата на компаниите, земјоделците, а штом наскоро ќе завршат и ингеренциите на локалната власт, блокиран ќе биде целиот државен систем.