Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Дебакл на економијата на Мицкоски, граѓаните осиромашуваат – мерки нема

0
By Zoran Ivanov on April 18, 2026 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 18, 2026 19:40

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО:

Помина 60 дена од почеток на кризата на Блискиот Исток а Мицкоски не презеде мерки за заштита на стандардот на граѓаните.

Помина и Велигден, иако Мицкоски најавуваше после празниците нови мерки, повторно излажа, наместо мерки продолжија поскапувањата.

Се случи тоа што предупредувавме, дека цените на нафтата и ако се намалат, цените во маркетите, продавниците и пазарите ќе останат високи.

Скапите цени на храната и на основните производи секојдневно ги празнат џебовите на граѓаните.

Последните податоци на Државниот завод за статистика, покажуваат дека зеленчукот е поскапен за над 38%, овошјето за над 10% а продажните цени во земјоделството за 23%.

Веќе два месеци се покачени и цените на месото, зејтинот, маслото, јајцата…

Ова не се обични бројки туку секојдневие на граѓаните со празни фрижидери и празни џебови.

Со Мицкоски животот на граѓаните станува се потежок, народот нема пари.

СДСМ понуди конкретни решенија за намалување на ДДВ за храна на 0%, намалување на акцизите, намалување на ДДВ за горивата на 5%, намалување на патарините.

Сега истите овие мерки ги најавува владата ама „во фази“ – доцна и половично.

Додека владата на Мицкоски го штити бизнисот и не презема мерки Хрватска воведе цел пакет мерки и поддржка за земјоделците и рибарите, Ирска дава конкрена помош за ранливи категории, дури и една Германија намалува акцизи и дава финансиска помош.

Само кај нас Мицкоски не презема ништо. Чекање, анализи, калкулации и лаги.

Мицкоски се фали со „трета економија во Европа“, а во реалноста – тотален дебакл на економијата.

Платите останаа најниски во Европа, народот осиромашува, инвестициите си заминуваат, се затвораат фабрики.

Странските инвестициите паднаа за 60% од 1,2 милијарди евра во времето на СДСМ на само 467,5 милиони евра сега.

180 милиони евра, заклучно со минатиот месец, беше долгот за поврат на ДДВ кон компаниите.
Десетици фабрики се затворени а над 1.500 работници останаа без работа во изминатиот период.

А за животниот стандард најдобро сведочат празните фрижидери на граѓаните.

Реалноста боли. Народот осиромашува.

Веднаш се потребни се итни мерки за намалување на цените, поддршка на ранливите граѓани и поддршка на економијата.

 

економија прес СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
ФОКУС
April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

ВЕСТИ April 18, 2026

Иранската државна телевизија ИРИБ објави дека Ормутскиот теснец повторно е затворен, наведувајќи дека за секој…

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026

Полска бара Унгарија итно да ѝ ги испорача пребеганите функционери обвинети за криминал

April 16, 2026
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.