СДСМ смета дека се исполнети условите за лидерска средба која мора итно да се одржи, со цел да не се губи време за организирање на нови избори, соопшти портпаролот на партијата Петре Шилегов.
„Исполнети се двата предуслова, а тоа е одложување на изборите поради неисполнети услови, и укинување на аболицијата. Оттука се создадени услови. Неопходно е да има лидерска средба или политички дијалог со цел, што е можно по итно, да се договорат и исполнат условите за да може Република Македонија, да спроведе брзи, фер, слободни и демократски избори.“, изјави Шилегов