Хаосот во кој што се наоѓа Ѓорге Иванов и во кој што ја втурна цела Македонија со незаконските и неуставни одлуки за аболиции, по нарачка на Никола Груевски, дополнително се проширува. По објавувањето на Одлуките за поништување на дел од неуставните одлуки за помилување, видливо е дека лицето Ѓорге Иванов има донесено две Одлуки со ист број: 08-534/1, реагира СДСМ.

„Овие Одлуки на Иванов се со ист број иако се однесуваат на различни случаи кои што се предмет на спроведување на постапка. Со тоа едната Одлука на Иванов е неважечка и нема правно дејство. Дополнително, тоа значи дека Одлуката на Иванов со број: 08-543/1 објавена во Службен весник на 12 април 2016 година се уште е на сила. Или Иванов намерно го проширува хаосот или воопшто не знае какви одлуки носи. Хаосот што го создаде Иванов, за да ги заштити криминалците во власта, може да се реши само со целосно поништување на неуставните одлуки за аболиции. Едно е јасно. Мора да има целосно поништување на неуставните одлуки за аболиции. Секој што го прекршил законот ќе одговара“, реагираат од СДСМ.

606163