Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Како што се договорија да го пуштат, така сега се договорија Груби да се врати / ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги фаќа страв од Груби

0
By Zoran Ivanov on February 23, 2026 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 23, 2026 12:10

По денешниот театар на македонската граница веќе на сите им е јасно дека бегството на Артан Груби беше политички договор.

Како што се договорија да го пуштат, така сега се договорија да се врати. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување, посочи портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција.

СДСМ ова го најави уште во декември 2024 година, а сега само се потврди пред очите на македонската јавност. Целта е политички дефокус и заштита на власта. На овој начин ВМРО, со поддршка од ДУИ, сака да го покрие најголемиот нарко-скандал со 5 тони дрога, кој води до врвот на Владата на Мицкоски. Но да ги прикрие и бројните скандали со криминални тендери, за кои повеќе од 80 дена нема никакви одговори, а сите криминали водат до најтесниот круг околу Мицкоски.

Нема одговор за 5 тони дрога. Значи, замешани се и од Царината, и од полицијата, и од други институции под контрола на владејачката структура и на Мицкоски. Се отвори прашањето кој од актуелните функционери во Владата на Мицкоски ќе одговара? Затоа им е потребен Артан Груби. Целта е повторно да се поврзе СДСМ со ДУИ. Како што се поврзуваше кампањата со марихуаната од Струмица, како што имавме можност да видиме и со оваа најава на Жан, со купишта натписи пред неколку недели за наводна поврзаност меѓу СДСМ и ДУИ. А вистината е дека ВМРО-ОКГ се во дил со ДУИ. Кој се смее кога го апсат? Како нема ниту една камера од 65 илјади за 5 тони дрога а има камери за Груби? Власта ги презема судството и Обвинителството под своја контрола, се рушат предметите на СЈО, сега е вистинско време Груби да се предаде, посочи Кузеска на денешната прес-конференција.

ВМРО-ДПМНЕ во реакијата вели дека “СДС се нервозни и фрустрирани зошто Груби може да изнесе податоци за аферите и криминалите на Заеви, Филипче и Спасовски“.

Ги разбираме од СДС, тие се нервозни и фрустрирани зошто Артан Груби е уапсен, и сега може да изнесе податоци за аферите и криминалите за кои здружно работеа со Зоран Заев, Вице Заев, Оливер Спасовски, Венко Филипче.

Затоа од СДС се обидуваат да ги затскријат трагите и на овој начин да се спасат себе си, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

груби артан ДПМНЕ СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.