Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Мицкоски ги окупира медиумите – започнува медиумскиот мрак, како што предупредувавме

0
By Zoran Ivanov on July 27, 2026 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 27, 2026 14:43

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДСМ:

Медиумскиот мрак во Македонија започнува токму онака како што предупредувавме.

Медиуми веќе објавуваат дека српски медиумски играчи влегуваат на македонскиот медиумски пазар.

Групата „Ало“, поврзана со „Информер“ и другите провладини медиуми од Србија, пристигнува во Скопје.

Ова е дел од планот за целосна контрола врз информирањето, за кој СДСМ постојано предупредува.

Политиката ја спроведува Христијан Мицкоски – по моделот на Александар Вучиќ.

Сè е copy-paste.

За пропагандната мрежа е ангажиран познатиот „Началник“ за пропагандни медиумски операции по моделот на Гебелс – Драган Павловиќ Латас, долгогодишен соработник на српската служба.

Според објавените информации, медиумот „Евроњуз“, кој доаѓа со лиценца од Србија, треба да биде предводен од Ивона Талевска, долгогодишен партнер на Латас.

Тандемот Латас – Ивона Талевска е задолжен да го изгаси медиумското светло во име и за сметка на Мицкоски.

Целта е јасна – потполна контрола врз информациите што ќе стигнуваат до граѓаните.

По веќе воспоставената медиумска мрежа на над 40 % од Орбановите медиуми, која работи во интерес на организираната криминална група ВМРО, сега следува уште поголема концентрација на медиумско влијание.

Финансиската поддршка на овој проект ја дава Алта банка – банка во сопственост на браќата Вучиќ.

За оваа банка во ЕУ се води истрага поради сомнежи за потеклото на парите.

Во Македонија, извршниот и управниот одбор на банката го сочинуваат луѓе од ВМРО.

Сепак, сестринската партија СНС мора да има и братски односи во банката.

Кога ќе се комплетира оваа мрежа, граѓаните повеќе нема ниту да слушнат дека им е отруена водата за пиење.

Нема да слушнат дека црвените светла доцна се запалиле.

Нема да слушнат дека никој не презел одговорност за труење на цел град.
Тоа е целта.

Мицкоски ги окупира институциите. Сега сака да ги окупира медиумите.

Сака да ја окупира и вистината.

Мицкоски повеќе не се грижи за извештаите на Европската комисија, затоа што не сака Европска унија.

Прво од Европскиот парламент беше нагласено мешањето на „српскиот свет“.

Потоа притисокот на Мицкоски врз правосудството.

Сега следува контрола на медиумите.

Тоа е целта на Мицкоски и организираната криминална група ВМРО.

Прво се трујат граѓаните.

Потоа се труе информацијата.

На крај – целосен мрак.

 

медиоуми Мрак прес сфсм
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.