Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Миноски незаконски издал еврообврзница без правно мислење

2
By Нова ТВ on July 23, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за финансии Кирил Миноски ги лажел странските кредитори и медиуми дека е обезбедено потребното мислење за правната важност на еврообврзницата од Министерството за правда, обвинија денеска од СДСМ.

„Миноски вчера самиот призна дека дополнително ќе барал мислење од Министерството за правда. Ова е скандалозно бидејки министерот за финансии постапил противзаконски! Ова е директно прекршување на Законот за јавен долг, член 18 став 6.

Министерството за финансии морало да обезбеди претходно потврда за правната важност на еврообврзницата.

Според допис којшто е испратен од Министерството за финансии, агенцијата Ројтерс и другите медиуми објавија дека издавањето на еврообврзницата е усогласено со Министерството за правда.

Сега е јасно зошто со денови молчи министерот за правда Валдет Џафери на прашањето дали Министерството за правда издало мислење за правната важност на еврообврзницата“, соопштија од СДСМ.

Тие велат дека го предупредуваат министерот Џафери, дека покрај другите нелегални дејства во моментот на издавање на еврообврзницата, ставката странски задолжувања во Буџетот за 2016 е 370 милиони евра.

„Ребалансот на Буџетот се уште не е усвоен во Собранието на Р.Македонија.Министерот за правда, Владет Џафери добро нека размисли дали ќе биде соучесник во извршување на ова финансиско злосторство! Укажуваме дека сите инволвирани лица во издавањето на незаконската 450 милионска еврообврзница ќе мора да понесат одговарност“, велат од партијата.

Тие исто така го прашаа гувернерот Димитар Богов дали има интерес со тоа што присуствувал на конференциската врска кога е договорено огромното задолжување на граѓаните во стотици милиони евра.

„Дали можеби аукцијата за избор на изведувач за изградба на милионската барокна зграда на НБРМ го натера Богов да присуствува на конференциската врска во понеделникот кога власта ги задолжи граѓаните 450 милиони евра, плус камати, со еврообврзницата?

Богов тврдеше дека издавањето на еврообврзницата е во надлежност на Владата и Министерството за финансии. Но потоа се најде во друштвото на владините претставици кои преку конференциска врска го договорија милионското задолжување“, велат од СДСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.