Сите околности во аферата “Криминални парцели“ во која се проневерени околу 1,6 милиони евра водат до луѓе од ВМРО-ДПМНЕ, Белиот дворец и блиски на Христијан Мицкоски. Шест од седум осомничени во оваа криминална афера се тесно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, изјави денеска на прес-конференција Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.

Таа додаде:

Оттука, Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да каже каде завршиле украдените пари од „Криминални парцели“?
Дали 1,6 милиони евра завршиле за финансирање на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ? Или за финансирање на кампањите на ВМРО-ДПМНЕ?
Дали Мицкоски ја искористил познатата шема на неговиот ментор Никола Груевски и преку својот телохранител ги затскривал трагите за испумпување на пари од ЕВН, како што Груевски правеше со плацовите на Водно?

Овие сомнежи за коишто говориме се основани по сите информации кои изглегоа во јавноста дека станува збор за криминална шема.

Како претставници на граѓаните имаме обврска да се бориме за нивните интереси.

Мицкоски не треба да бега од јавноста туку да излезе и да одговори.

Овој случај мора да добие ефективна правна разрешница и сите инволиврани да сносат соодветна законска одговорност, без разлика за кого се работи.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да не се обидуваат да вршат притисок, туку да остават институциите да ја работат својата работа.