Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ постојано се на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата, реагираат од СДСМ. Според партијата, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да понудат ништо освен лажни вести, блокади и одбрана на криминалот.
– Со таквата понуда Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги очекува нов пораз на изборите, што се наговестува и со сите анкети на јавното мислење каде СДСМ има стабилно водство пред ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните знаат дека СДСМ го има најдоброто за секоја општина, дека развојот на општините и напредокот на државата е можен само со СДСМ и затоа даваат силна поддршка, соопштија од СДСМ.