Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Нема шега денеска – со Мицкоски и ВМРО-ОКГ Македонија е на колена

0
By Zoran Ivanov on April 1, 2026 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 1, 2026 09:22

На меѓународниот ден на шегата во Македонија ништо не е смешно. Владата на Мицкоски и ВМРО-ОКГ се сами по себе несериозна шега но за жал тие се трагедија за иднината на Македонија и за граѓаните. Граѓаните живеат тешко, платите се најниски во Европа, работниците едвај врзуваат крај со крај, велат од СДСМ.

Економијата оди надолу. Во јануари 2026 година има пад на индустриското производство за 9,4% и историски пад од 61% на странските инвестиции во 2025 година.

Цветаат само криминалот и корупцијата. 161 тендер за само една фирма, 51 тендер за омилената компанија на власта преку општините, 9 милиони евра за фирма со еден вработен, 1,2 милиони евра преку Пошта за фирма блиска до ЗНАМ.

Правото и правната држава се погребани. Се врати времето на судиите и обвинителите од “тефтерчињата„ и целосната контрола на власта над правосудството. За судии се бираат жени на градоначалници на ВМРО-ОКГ, советници на Мицкоски, се поставува обвинител на кого Мицкоски од собрание му дели задачи.

Се подготвува враќање на Никола Груевски. Преку дискредитација на предметите од СЈО и релативизирање на пресудите за нивно поништување.

Се гуши слободата на говор со декрети во Собранието, се намалуваат медиумските слободи, над 40% од медиумите се под контрола на ВМРО-ОКГ преку Орбан.

На листата на Транспаренси интернешенал Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија. Паралелено, власта свесно ја води земјата кон намерна изолација од ЕУ за да може да течат криминалните тендери зад грбот на народот.

Додека младите се иселуваат, Мицкоски зборува за чекање децении за ЕУ. Мицкоски ги предаде македонските национални интереси. Наместо горда, Македонија денеска е на колена, соопшти СДСМ.

 

ДПМНЕ први април СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 12, 2026

Охрид: Со гала-концертот „Љубов“ вечерва се отвора 66-тото издание на Охридско лето

ВЕСТИ July 12, 2026

Со гала-концертот „Љубов“, на кој ќе настапат светски познатата албанска сопранистка Ермонела Јахо и американскиот…

Иран го затвори Ормутскиот премин, САД возвратија со нов бран напади врз над 140 воени цели

July 12, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

July 8, 2026

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.