Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Нова бомба, нов скандал – чистење на буџетот

0
By Zoran Ivanov on December 6, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 6, 2025 11:03

Анти корупцискиот тим на СДСМ активно продолжува со објавување на криминалот на ДПМНЕ и владата на Мицкоски пред Конгресот на старата банда, рече на прес конференција на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, член на Ц.

Видовме како се пумпаат 9 милиони евра, пари на граѓаните преку блиски луѓе и посредници.

Видовме како се краде народот преку наместени тендери.

Ама за старата банда не се доволни посредници од надвор, таа е гладна, ненаситна, бизнисот мора да го тераат лично и од дома, од фамилијата.

Денеска објавуваме нов скандал, нова бомба!

За тоа кој и како „чисти“?

Сите патишта водат до Ивица Томовски и СОЗР, објави Димитриевиќ.

Не чисти СОЗР, „чисти“ семејната фирма на Томовски. Попрецизно кажано, ги чистат парите на граѓаните и тоа во милиони евра.

Внимавајте:

Од државни институции и од општини, водени од ДПМНЕ, семејната фирма на Томовски која го менува името добила: неверојатни 5 милиони и 360 илјади евра или вкупно 161 тендери.

Тоа се речиси 5,5 милиони евра! Пари на граѓаните!

Со доаѓањето на ДПМНЕ на власт семејната фирма на Томовски ја зголемила својата деловна дејност за 306%!!! И тоа само во 2024 година. Случајно, им тргнало чистењето на буџетот.

Само оваа 2025 година, фирмата добила 10 тендери од речиси половина милиони евра.

Сопственик на Сити логистик во мометнот кога е основана е Витомир Томовски од Струга, татко на Ивица Томовски а управител Слободан Кутановски, нивни близок роднина.

Потоа се менува името на фирмата, Сити аутсорсинг. Иста адреса, ист единствен матичен број на субјект, само со друго име.

За што е Томовски во ВМРО-ДПМНЕ и во Владата мислам дека на народот му е кристално јасно после ова.

Важно фамилијарните бизниси течат.

А каде завршуваат парите освен во џебовите на фамилијата Томовски: откриваме наскоро во наредните бомби.

Ние само што почнавме, а нашата Нова сила нашиот АКТ работи со полна пареа.

Граѓаните нè поддржуваат, сите се дел од еден тим, еден фронт.

Сите НИЕ, граѓаните на оваа земја, сме против КОРУПЦИЈАТА!

Работата не завршена!

Семејна фирма на Томовски „чисти“ 5,5 милиони евра од буџетот!

Прес конференција на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ

Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објави нова бомба, нов скандал, кој уште еднаш го разобличува криминалниот модел на власта на Мицкоски и ДПМНЕ.

„Видовме како се пумпаат 9 милиони евра, пари на граѓаните преку блиски луѓе и посредници. Видовме како се краде народот преку наместени тендери. Ама за старата банда не се доволни посредници од надвор, таа е гладна, ненаситна, бизнисот мора да го тераат лично и од дома, од фамилијата. Денеска објавуваме нов скандал, нова бомба! За тоа кој и како „чисти“?“ рече Александар Саша Димитријевиќ на денешната прес конференција на СДСМ.

Сите патишта водат до Ивица Томовски, висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Службата за општи и заеднички работи при Владата.

„Не чисти СОЗР – чисти семејната фирма на Томовски. ‘Чистењето’ се мери во милиони евра!“ потенцираше Димитријевиќ.

Според објавените податоци, семејната фирма на Томовски, која го менувала името, но не и матичниот број, од институции и општини добила вкупно:

-5.360.000 евра;

-161 тендер.

Само со доаѓањето на ДПМНЕ на власт, фирмата ја зголемила својата дејност за 306%, а само годинава земала нови 10 тендери од речиси половина милион евра.

„Случајно, им тргнало чистењето на буџетот. За што е Томовски во ВМРО-ДПМНЕ и во Владата мислам дека на народот му е кристално јасно после ова. Важно фамилијарните бизниси течат. “ рече Димитријевиќ.

Чистење на буџетот, 161 тендер за семејната фирма на Томовски!

СДСМ, преку Антикорупцискиот тим АКТ, денеска објави нов скандал, нова бомба од серијата злоупотреби што ја тресат власта на Мицкоски и ДПМНЕ.

На денешната прес-конференцијата, членот на ЦО, Александар Саша Димитријевиќ ги претстави најновите докази за системско испумпување на народни пари преку фирми блиски до власта.

„АКТ, активно продолжува со објавување на криминалот на ДПМНЕ и владата на Мицкоски пред Конгресот на старата банда“, истакна Димитријевиќ, потсетувајќи дека „видовме како се пумпаат 9 милиони евра, пари на граѓаните преку блиски луѓе и посредници“ и дека „видовме како се краде народот преку наместени тендери“.

Но, како што рече тој, денешната бомба покажува дека овие шеми стануваат уште побрутални:

„Ама за старата банда не се доволни посредници од надвор, таа е гладна, ненаситна, бизнисот мора да го тераат лично и од дома, од фамилијата. Денеска објавуваме нов скандал, нова бомба! За тоа кој и како ‘чисти’? Сите патишта водат до Ивица Томовски и СОЗР. Не чисти СОЗР, ‘чисти’ семејната фирма на Томовски. Попрецизно кажано, ги чистат парите на граѓаните и тоа во милиони евра.“

Димитријевиќ објави конкретни податоци:

„Од државни институции и од општини, водени од ДПМНЕ, семејната фирма на Томовски која го менува името добила: неверојатни 5 милиони и 360 илјади евра или вкупно 161 тендери. Тоа се речиси 5,5 милиони евра! Пари на граѓаните!“

Дополнително, со доаѓањето на ДПМНЕ на власт, бизнисот на фамилијата Томовски експлодирал:

„Семејната фирма на Томовски ја зголемила својата деловна дејност за 306%!!! И тоа само во 2024 година. Случајно, им тргнало чистењето на буџетот.“

Во тековната 2025 година, истата фирма веќе добила нови 10 тендери од речиси половина милион евра.

Сопственик на Сити логистик во моментот кога е основана е Витомир Томовски од Струга, татко на Ивица Томовски, а управител Слободан Кутановски, нивни близок роднина. Потоа се менува името на фирмата – Сити аутсорсинг. Иста адреса, ист единствен матичен број на субјект, само со друго име.

„За што е Томовски во ВМРО-ДПМНЕ и во Владата мислам дека на народот му е кристално јасно после ова. Важно фамилијарните бизниси течат.“ потенцираше Димитријевиќ.

„Ние само што почнавме, а нашата Нова сила, нашиот АКТ работи со полна пареа. Граѓаните нè поддржуваат, сите се дел од еден тим, еден фронт. Сите НИЕ, граѓаните на оваа земја, сме против КОРУПЦИЈАТА! Работата не е завршена!“ потенцираше Александар Саша Димитријевиќ.

 

акр ДПМНЕ криминали орес СДСМ томовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.