Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Сè што Маѓар сега го разоткрива во Унгарија директно се пресликува и во Македонија

0
By Zoran Ivanov on April 26, 2026 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 26, 2026 14:20

На прес-конференција, портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска изјави дека случувањата во Унгарија, поврзани со перење пари, контрола на медиуми и корупција, имаат директна паралела со состојбите во Македонија.

Според Кузеска, процесот на разоткривање на, како што рече, „Орбановата мрежа“ веќе започнал, посочувајќи го Петер Маѓар како клучен актер во тие случувања. Таа нагласи дека Маѓар отворено започнал борба против системот кој, според неа, со години ја оштетувал Унгарија.

Кузеска посочи дека Маѓар објавил информации за масовно изнесување на капитал во странство, продажба на медиуми под пазарна вредност и можни обиди за повлекување на блиски соработници на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Во однос на Македонија, таа рече дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и партијата се, како што тврди СДСМ, блиски партнери на Орбан, додавајќи дека постојат влијанија во медиумите, економијата и инфраструктурните проекти.

Меѓу посочените примери е и компанијата 4iG, за која Кузеска рече дека има улога во телекомуникацискиот сектор во земјава, како и наводни поврзаности во енергетиката и транспортот.

Кузеска додаде дека станува збор за поширока регионална мрежа во која, покрај Орбан, го вклучи и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста, истакна Кузеска на прес-конференцијата.

 

Македонија СДСМ Унгарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 26, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

ВЕСТИ April 26, 2026

Човекот кој синоќа пукаше на вечерата на дописниците од Белата куќа не е типичен криминалец…

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.