Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Скандалозни одлуки на Арсовска, за 10 дена менува директор и поставува разузнавач, близок до ВМРО-ДПМНЕ

0
By НОВА ТВ Balaban on January 14, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 14, 2022 12:31

Скандалозните одлуки на градоначaлничката од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, продолжуваат на директна штета на граѓаните на Град Скопје.

За само десет дена, Арсовска го менува директорот на ЈП „Градски Паркинг“, кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

Новиот директор на Јавното претпријатие, Бојан Христовски, е контраразузнавач, поранешен припадник на Управата за безбедност и контраразузнавање  кој нема добиено безбедносен сертификат за да може да се префрли во  Агенцијата за национална безбедност, изјави денеска на прес-конференција, Мартин Попов, советник од СДСМ во Советот на Град Скопје.

Тој додаде дека „неговиот татко пак, бил учесник на протестите и насилниот упад во Собранието на крвавиот четврток, на 27 април“.

– По ниту еден професионален критериум, Христовски не е соодветно решение за да води јавно претпријатие, освен што е кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнително, Арсовска со промената во период од 10 дена на директор, ги потврдува сомнежите дека поставува некомпетентни кадри на високи раководни позиции во градот.

За што Арсовска го има наградено Христовски со директорски ангажман?

Арсовска треба да излезе пред граѓаните и да одговори на овие прашања.

Се што Арсовска направи во овие скоро три месеци од мандатот е на штета на граѓаните и на Градот.

Арсовска го прекина Бас рапид транзит системот, поништи оглас за вработување пожарникари, наместо бесплатен превоз, воведе нов поскап билет во ЈСП, во време на енергетска криза не предвиде ниту денар за антикризни мерки, ги остави скопјани сами да се снаоѓаат со поскапувањето на парното, а јавните претпријатија и установи и администрацијата на Град Скопје ги наполни со кадри од ВМРО-ДПМНЕ

Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ ниту можат ниту сакаат да работат за интересите на граѓаните.

Скопје и скопјани не заслужуваат градоначалничка која наместо решенија нуди само оправдувања за проблемите на граѓаните.

Арсовска Бојан Христовски Мартин Попов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.