Иван Стоилковиќ, не ни сметаат Србите во Македонија.
Не ни смета Србија.
Ни сметаш ТИ.
Ни сметаш затоа што ги застапуваш руските интереси во земја членка на НАТО.
Ни смета што славиш со Ноќните волци на Путин.
Ни смета српски министер кога се изјаснува како четник, Никола Селаковиќ, a ти славиш со него и со Додик и со главните европски промотори на анти-ЕУ политики.
Ни смета што си близок со Гашиќ, поранешен директор на БИА, министер за полиција, сега министер за одбрана на Србија, човек поврзан со аферата „5 тони дрога“ и кој Македонија ја гледа како српска територија.
Ни сметаш затоа што соработуваш со Милош Вучевиќ, претседател на СНС и организираш контра-митинзи против младите во Србија, во Куманово.
Ни сметаш затоа што си со Душан Адамовиќ, почесен конзул на Македонија во Србија и бизнис-партнер на Мицкоски, кој отворено вели дека Македонија е „окупирана српска територија“.
Ни сметаш ТИ и Латас – затоа што и двајцата работите за БИА.
Ни сметаш затоа што сме членка на НАТО и кандидат за ЕУ, а ти ја пропагираш Кина.
Ни сметаш ТИ и Ивона Талевска затоа што заедно со Латас ја организирате лиценцата на Вучиќ за Euronews и српските медиуми од Ало групата (Информер и слични) за тотален медијумски мрак.
Ни сметаш ТИ, кој ги застапуваш интересите на Алта банка, банка во сопственост на браќата Вучиќ. Банка што служи за перење пари на СНС и ВМРО-ОКГ. Банка што е под истрага во ЕУ поради потеклото на парите. Банка што служи за финансирање на 40% од медиумската мрежа на Орбан во Македонија, која е во служба на пропаганда по моделот на Гебелс, а во служба на ВМРО-ОКГ.
Ни сметаш затоа што работиш против Македонија, а во корист на „српскиот свет“ на Вучиќ и Русија.
Ни сметаш затоа што за прослава на Свети Сава донесе фашисти,историчари од Србија да држат говори.
Ни сметаш затоа што за Илинден носиш министри како Немања Старовиќ, министер за ЕУ интеграции, кој јавно ги изнесува своите анти-ЕУ ставови и ја поддржува кампањата против Европа.
Ни сметаш и заради министерката Снежана Пауновиќ од СПС, партија на Милошевиќ што ја пропагира политиката од деведесеттите, војните и етничките чистења, додека ти си министер во Влада во која има и национални малцинства.
Токму таа, министерката која пред две недели изјави дека доколку била на местото на Милошевиќ, би спровела етничко чистење на Косово.
Нам не ни сметаат Србите.
Србите се наши драги сограѓани, наши соседи, наши пријатели и дел од оваа држава како малцинство.
Ни сметаш ТИ и твоите соработници од организираната криминална група ВМРО.
Ни сметаш ТИ и Мицкоски затоа што ја блокирате Македонија и нејзината европска иднина.
Србија не е Вучиќ.
Српската напредна странка не се Србите. Тоа е само дел од вашата криминална организација – балканскиот картел.
А ти ни сметаш затоа што си дел од тоа.




