Извршителот на Никола Груевски во Скопје, Коце Трајановски им должи на скопјани само едно нешто – неговата оставка како градоначалник на Скопје, реагира денеска најголемата опозициска партија СДСМ.

-За Коце Трајановски поважно беше да ги слуша наредбите на Никола Груевски и да ги троши парите на граѓаните за криминални тендери, за раскош и луксуз, споменици, фонтани, барокни фасади, златни огради, панорамски тркала, луксузна резиденција, жални врби.

Трајановски треба веднаш треба веднаш да поднесе оставка затоа што за него и ВМРО-ДПМНЕ приоритет беше Скопје 2014, наместо канализацијата за жителите на Црешево, Смилковци, Виниче и Љуботен, се вели во соопштението.

Коце Трајановски е веќе осма година градоначалник на Скопје.