Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Трипуновски бега од одговорност за ИПАРД скандалот

0
By Zoran Ivanov on November 23, 2025 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, November 23, 2025 12:29

Две недели по мега-скандалот за ИПАРД, наместо да даде одговор на клучните прашања, министерот Трипуновски бега од одговорност, бега од вистината за суспензијата на парите а бега и од одговори, стои во соопштението од СДСМ.

Еве што пратил Трипуновски на официјалното писмено барање за информаци со ИПАРД скандалот.

Погледнете го овој срам.

Нема ниту збор за причините, нема ништо за времетраењето на суспендирањето на средствата од ИПАРД, нема ниту информација за планираните чекори за надминување на овој сериозен проблем.

Едно големо ништо. Трипуновски праќа општи законски рамки, цитати од регулативи и процедури што се одамна познати и не даваат одговор на клучните прашања што ги засегаат земјоделците.

Овој дрзок начин е директна навреда, исмејување на 3.000 нови бизниси, на 10.000 потенцијални нови работни места, ова е потценување на штета од 130 милиони евра.

Понижување на луѓето кои обезбедуваат храна за оваа држава, кои учествуваат во развојот на целокупната економија, но и семејства кои егзистираат од земјоделство.

Суспензијата на над 130 милиони европски пари не е некоја административна формалност, туку сериозен удар врз илјадници земјоделци и компании кои се потпираат на поддршката од ИПАРД.

Со ова сокривање на информации, Трипуновски го загрозува системот на поддршка кон земјоделците и ја продлабочува штетата што ја претрпуваат.

Овие луѓе, кои што земале кредити за инвестиции, се задолжиле, имаат право да знаат до кога ќе трае суспензијата и кој ќе им ја покрие штетата од задоцнетите исплати.

Човек кој јавно кажува дека не чувствува одговорност за ваков мега-скандал во неговиот ресор и во неговиот мандат не може да биде министер и да води ресор.

Но, јасно е зошто Трипуновски избегнува и медиумски соочувања и зошто не дојде ниту на пратенички прашања: разобличен е, нема веќе како да се одбрани и да ги заштити вмешаните во скандалот кои бесрамно посегнаа по парите на земјоделците.

СДСМ нема да отстапи од барањето за целосни и транспарентни одговори кои земјоделците ги очекуваат и од барањето одговорност.

А Трипуновски, најмалку што може да направи, е да си даде оставка. Министер кој крие информации од земјоделците, кој не чувствува одговорност за ресорот што го води, нема кредибилитет да биде министер за земјоделство.

Во одговор на новинарско прашање за ставовите на власта дека ќе бара нов протокол, портпаролката на СДСМ изјави дека сметаат дека ова е само уште еден измислен изговор да не продолжат реформите и да не продолжи европскиот пат на земјата.

-Граѓаните чекаат владата да направи исчекор кон европскиот пат на земјата и да испорача реформи. Граѓаните се веќе уморни од нови празни зборови. Велеа дека можат да обезбедат подобар договор со Бугарија, дека можат да обезбедат нова преговарачка рамка, дека се во периметарот. Ништо од тоа не се случи. Сметаме дека ова е само уште еден измислен изговор да не продолжат реформите и да не продолжи европскиот пат на земјата, рече Кузеска.

Во однос на реформите во правосудството, таа рече дека власта нема политичка волја за спроведување на реформите.

Јасно е што треба да се направи, експертите и ЕУ ги напишаа чекорите на реформската агенда и таа треба да се проведе а досега власта нема направено ништо. Очигледно е дека власта нема политичка волја за спроведување на реформите во правосудството, рече таа.

 

ипард Кузеска СДСМ прес трипуновски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.