СДСМ смета дека Уставниот суд треба веднаш да се изјасни околу иницијативата за оценување на уставноста на Законот за Специјално јавно обвинителство. Правдата и борбата против криминалот и корупцијата не смеат да бидат под каква било или било чија закана, изјави на денешната прес конференција портпаролот на партијата Петре Шилегов.
„Повеќе од 8 месеци Уставен суд не прави ништо околу иницијативата за Законот за СЈО и го држи во заложништво судството и владеењето на правото. Тоа е недозволиво. Никој не е над правото и правната држава. Оттука, приоритет за Уставниот суд на државата Република Македонија треба да биде уставноста на Законот за СЈО. Само така ќе се обезбеди непречена работа на единствената независна институција којашто вистински се бори против криминалот и корупцијата.“, изјави Шилегов