Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Владата ги излажа пациентите – лекот „Фостер“ поскапе а бесплатниот го нема во аптеките

0
By Zoran Ivanov on July 8, 2026 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 8, 2026 15:24

Владата на Мицкоски ги изигра и ги излажа пациентите кои боледуваат од астма и хронична опструктивна белодробна болест, затоа што прво Фондот за здравство ја зголеми цената на лекот „фостер“ од 300 на 1.080 денари, а потоа не може да се најде бесплатната замена во ниедна аптека, изјави денеска портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

Во оваа сиромаштија во која ВМРО ги доведе граѓаните, многу пациенти едноставно немаат можност да издвојат уште 780 денари плус за терапија без која не можат нормално да живеат. Фондот им вети на пациентите бесплатен генерички лек како замена за лекот „фостер“. А, сега ниту тој генерички лек кој на рецепт е бесплатен, според информациите кои стигнаа до нас, сè уште го нема во аптеките. Ова е бесрамно поигрување со здравјето на хронично болни пацинети чие здравје зависи од овој лек. Тотален хаос, негрижа и неодговорност! Ова не е лек што може да почека. За пациентите со астма и хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), тоа е секојдневна терапија без која болеста може сериозно да се влоши. Овие пациенти зависат од редовната терапија, и секое нередовно земање на лекот може сериозно да го влоши нивното здравје. Кој ќе понесе одговорност тогаш?“, праша Кузеска.

Таа додаде дека ова не е првпат граѓаните да останат без неопходна терапија.

Минатата година онколошките пациенти беа оставени без биолошка терапија. И најиронично е што човекот кој направи хаос во Фондот за здравство – Мицкоски го награди со министерска  функција и тоа повторно во ресорот здравство. По две години од ВМРО на власт, се случува распад на здравствениот систем кој не може да го заштити она што е највредно – здравјето на граѓаните. Наместо функционален здравствен систем, имаме систем во кој пациентите секојдневно стравуваат дали ќе ја добијат терапијата што им го спасува здравјето. СДСМ бара одговорност и преземање итни мерки за обезбедување непречена достапност на терапијата за сите пациенти. Здравјето не смее да биде жртва на оваа расипничка Влада, која толку го испразни буџетот за својот луксуз и тендери, што сега цената ја плаќаат граѓаните. Престанете да си поигрувате со здравјето на луѓето. Граѓаните заслужуваат здравствен систем што ќе се грижи за нив, а не власт која од ден на ден им го отежнува лекувањето и им го загрозува животот, изјави Кузеска.

 

ДПМНЕ излажа лековите СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 14, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

ВЕСТИ August 14, 2026

Жителите на Општина Гостивар може повторно да ја користат водата од Градскиот водовод за пиење,…

Денеска ќе се знае дали гостиварчани конечно ќе пропијат вода од чешма

August 14, 2026

Халкидики гори: Огнот ги лизна и куќите – Сивири и Фурка евакуирани

August 13, 2026

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

August 12, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.