Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ VS Министерство за финансии: Кој е виновен за јавниот долг

0
By Нова ТВ on November 1, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 1, 2016 14:27

Опозицискиот СДСМ денеска ја обвини власта дека со неодговорно однесување направила вкупниот јавен долг да достигн историско ниво, односно од вчера тој и  официјално е 4 милијарди 760 милиони евра, или 50 проценти од бруто домашниот производ.

– Секој ден во 2016 година власта на Груевски ги задолжувала граѓаните по 2 милиона евра. За последниве 9 месеци вкупниот јавен долг Македонија го зголемиле за над половина милијарда евра или неверојатни 532 милиони евра. Ова значи и дека секој граѓанин на Р. Мaкедонија е задолжен со 2.274 евра Секое бебе се раѓа со долг од 2.274 евра, се вели во соопштението од СДСМ.

Според опозицијата, вкупниот јавен долг ги надмина ризичните 50 проценти од БДП, како што предупреди и Светска банка кога изрази загриженост за огромните задолжувањата на Македонија.

– Дополнително за денеска, извршителот на Груевски, министерот за финансии Кирил Миноски има најавено ново задолжување на домашниот пазар од 61.5 милиони евра, велат од СДСМ и најавуваат дека „сите задолжувања направени на товар на граѓаните ќе бидат преиспитани и за сите злоупотреби на парите на граѓаните ќе има одговорност“.

finansii

Од Министерството за финансии преку соопштение одговорија дека половина од долгот на држата за кој СДСМ најавува ревизија е наследен од нив.

– Во 2005 година долгот на државата изнесуваше 2 милијарди евра, односно половина од долгот на државата за кој СДСМ најавува дека ќе направи ревизија е наследен од нив. Ова е реакцијата на Министерството за финансии по однос на висината на јавниот долг на Македонија кој надмина 50 отсто од БДП. Го охрабруваме СДСМ да каже за што се земени кредити за долгот кој тие го акумулирале.

Изминативе години Македонија има интензивни инвестициски активности во инфраструктурата, како изградбата и рехабилитацијата на патните и железничките делници на Коридорите 8 и 10, изградбата на регионални и локални патишта, гасификацијата. Обезбедени се средства за изградбата и модернизацијата на клиничкиот центар Мајка Тереза и регионалната клиничка болница во Штип, за проектот Подобрување на општински услуги итн. Македонија преку кредит од Европската инвестициска банка во вредност од 350 милиони евра, во време на светската криза, кога капиталот беше тешко достапен, го поддржа приватниот сектор со пласирање на субвенционирани кредити на малите и средни претпријатија, се вели во соопштеието од Министерство за финансии.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.