Не гледаме потреба СДСМ да коментира политички маркетинг на било која партија, граѓаните многу добро знаат кои се нашите политики, нашите заложби, вредности, врз основа на тоа на парламентарните изборите ни ја дадоа довербата, велат од СДСМ во врска со видеото кое на Фејсбук го објави Али Ахмети, лидерот на ДУИ од прес-конференции на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во кои двете партии ја обвинуваат ДУИ за криминал и корупција.
– Односите со ДУИ се стабилни, нормални, имаме добра соработка, тоа се однесува и на партнерите од парламентарното мнозинство, велат од СДСМ.
Ахмети обвини дека двете партии на Македонците со години ја користат ДУИ за нивните секојдневни политики.