Published: Thursday, November 13, 2014 13:54
„Лекари без граници“ ги започна клиничките испитувања на новите лекови за пациентите заразени од вирусот ебола во Западна Африка.
Организацијата ќе започне со експериментална употреба на два лека посочени од СЗО. Целта на испитувањата е да се види дали заразениот пациент ќе остане жив во првите 14 дена кои се најкритични.
Центрите за испитување ќе бидат поставени во Гвинеја, со тој во Гуекдоу ќе управува Националниот институт за здравје, а со Центарот во Конакрија ќе раководи белгиски тим.
Според последните информации борјот на жртви од смртоносниот вирус достигнал до 5.160. Во Африка, претежно во западниот дел, повеќе од 14.000 луѓе се погодени од ебола.




