Published: Tuesday, November 13, 2018 14:27
Во германскиот град Франкфурт на Мајна денеска дошло до протекување на хлороводородна киселина.
Надлежните апелираа до жителите да бидат претпазливи и да не ги отвораат прозорците.
До протекување на киселината дошло откако се превртел камион со опасната материја. Патиштата се затворени. Пожарникарите успеаја да го стопираат протекувањето и сега ситуацијата е стабилна.




