Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се маршираше низ улиците на Штип, граѓаните најавија дека и утре ќе искочат за да ја добијат правда

0
By Marija Todorovska on March 17, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дамјан Даневски, Филип Ивановски, Драгана Минова и Стефанија Соколовска се учениците од средното медицинско училиште (СОУ) „Јане Сандандски“ во Штип кои настрадаа во несреќата во дискотеката во Кочани. Со нивните слики во рака, извикувајќи „Секој еден може да е следен“, Бараме правда за сите виновни“, „Државата тоне“ „Убиство“, „Смрт за корупцијата“, во Штип се одржа едночасовен протест и марш. Почнувајќи од Градскиот плоштад „Слобода“, марширајќи низ улиците и застанувајќи пред зградата на Општина Штип, каде што извикуваа „Секој еден може да е следен“, „Убиство“.Александра Вуканова ученичка во СОУ „Јане Сандански“-Штип во говорот на Градскиот плоштад „Слобода“ пред своите сокласници и ученици од другите средни училишта во Штип порача: „денеска сме овде ќе ги сплотиме сите наши сили и ќе се бориме до крај, за сите наши другарчиња, за сите наши идоли, за сите наши колеги, родители ќе се бориме до крај. Ова нема да остане неказнето, сите мора да ја добијат својата казна“.

Таа истакна дека доколку сме сите заедно, сите до крај сплотени, сигурно ќе добиеме нешто и какошто рече „ќе се бориме до крај за сите наши идоли. Најави дека и утре ќе имаат протест во Штип.

Да, утре повторно сакаме да имаме протест, со цел да добиеме нешто, виновните да добијат казна за сите свои злосторства, коишто се ги направиле, изјави Вуканова.

Средношколците низ штипските улици се движеа со транспаренти на кои беа испишани пораките „Бидете ангели на небото, какошто бевте и на земјата“, „Дискотека пулс го сопре пулсот на цел еден млад свет“, „Тагата е наша, вината е ваша“, „Убиство на младината е убиство на иднината“ итн.

Дискотека жртви Кочани протест Штип
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.