Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се одбележува светскиот ден на танцот

0
By on April 29, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


„Танцот ги спојува уметноста и културата и ги соединува сите нации во светот. Да се танцува е да живееш, да се чувствуваш жив, да се чувствуваш слободен, да се изразиш. Говорејќи преку движење, ставајќи ги сите емоции на отворен простор значи да ~ дадеш на публиката нешто по што ќе те запамети. Танцот може да промени нешто во нив без нивно знаење. Танцот доаѓа од еден многу искрен простор, па затоа зборувај од срцето и си ќе те следи потоа“, вели во својата порака кореографката Саша Евтимова упатена преку Интернационалниот танцов институт во чест на Светскиот ден на танцот, 29 април.

Тајванскиот кореограф Лин Ваи-Мин е авторот на светската порака и вели:
„Во ова дигитализирано време сликите во движење заземаат милион форми. Тие се фасцинантни. Но, тие никогаш не можат да го заменат танцот бидејќи сликите не дишат. Танцот е славење на животот. Исклучете ги телевизорите, исклучете го компјутерот и дојдете да танцувате. Да го прославиме животот со танц“, пишува тајванскиот кореограф.

Македонскиот Центар на Интернационалниот Театарски Институт избра членови на Танцовиот одбор на ИТИ Македонија, за периодот од 2013-2016, се: Билјана Тануровска, Соња Џепароска, Ивана Коцевска, Александра Мијалкова, Искра Шукарова и Кире Миладиновски
Танцовиот Одбор на ИТИ ја избра Саша Ефтимова (балерина и кореограф), за носител на македонската порака по повод Светскиот ден на танцот, 29 Април, 2013.

И Скопската танцова академија ќе го одбележи празникот на танцот. Првата генерација студенти на академијата во 20 часот на сцената „Зебра“ ќе ја изведе кореографијата „Хот“ составена од четири дела – „Загреј го студот“ на Матеја Kиселичка, „Патот на љубовта“ на Андријана Атанасова и „Патот на еволуцијата“ на Љупчо Атанасов, изработени под менторство на Рисима Рисимкин. Последниот дел е кореографијата „Импакт“ на Игор Kиров.

Светскиот ден на танцот се прославува на денот на раѓањето на творецот на современиот балет Жан-Жорж Новер (1727-1810).

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
ФОКУС

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

ВЕСТИ October 24, 2025

Италијанската група на жртви на сексуална злоупотреба „Рете л’Абусо“ (Rete l’Abuso) објави извештај во кој…

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025

23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

October 23, 2025
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.