Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се отвора досието „Кенеди“

17
By Нова ТВ on October 26, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

https://www.youtube.com/watch?v=iU83R7rpXQY

Денеска се очекува да бидат објавени документи поврзани со убиството на американскиот претседател Џон Фицџералд Кенеди, кои досега се чуваа како доверливи.

Сепак, експертите не очекуваат некои „големи откритија“.

Комисијата која го истражуваше атентатот на американскиот претседател, заклучи дека го убил поранешниот стрелец на американската морнарица од прва класа Ли Харви Освалд и дека убиството го извршил сам.

Ли Харви Освалд

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела на Твитер напиша дека доколку добие „дополнителна информација“ ќе објави илјадници тајни документи од Националниот архив поврзани со атентатот врз 35-от претседател на САД, Џон Кенеди.

– Под услов да добијам дополнителна информација, јас како претседател ќе дозволам да бидат објавени документи за Кенеди, кои долго време беа блокирани и класифицирани, објави Трамп, без да прецизира за каква „дополнителна информација“ мисли.

Електронскиот весник „Политико“, повикувајќи се на извори во американската Администрација, објави дека Трамп најверојатно ќе дозволи објавување на околу 3.100 документи, кои досега не и биле познати на јавноста, како и приближно уште 30.000 други документи, од кои во минатото биле објавувени само делови.

Овие документи се наоѓаат во Националниот архив на САД.

Џон Ф. Кенеди, 35-тиот претседател на САД, беше убиен на 22 ноември 1963 година. Тој патуваше во отворена лимузина. Гувернерот на Тексас, Џон Конали, седел пред претседателот, бил ранет, но преживеал. За еден час, полицаецот Џ.Д. Типит исто така бил убиен. Набрзо потоа Ли Харви Освалд бил уапсен. За 12 часа бил обвинет за убиството на претседателот Кенеди и на Џ.Д. Типит.

На 24 ноември Освалд бил убиен во подрумот на полициската станица во Далас, од страна на Џек Руби, сопственик на локален ноќен клуб. Настанот бил прикажан во живо на телевизија. Руби бил осуден на смрт за убиството на Освалд. Поднел жалба, но, сепак, починал од карцином во 1967 година, пред повторното судење.

По една недела откако Кенеди бил убиен, претседателот Линдон Б. Џонсон формирал комисија за истражување на случајот. Во извештајот стоело дека: Истрелите биле испукани од прозорец на 6. кат, од југоисточниот агол на школата за депонирање во Тексас, дека пукал Ли Харви Освалд, нема докази дека Ли Харви Освалд или Џек Руби е дел од некаков заговор, домашен или странски…

Во текот на годините, биле спроведени и други истраги. Во 1968 година, на панел-дискусија 4 доктори ги поддржале заклучоците од комисијата на претседателот Линдон. Во 1975 година комисијата „Рокфелер“ не пронашла доказ за какво било вклучување на ЦИА во случајот. Во 1979 година, Комитетот за убиства ја поддржал комисијата на Линдон, но истакнал дека има голема веројатност две лице да пукале во Кенеди.

Според закон од 1992 година, сите документи и материјали во врска со случајот треба да бидат целосно објавувани во период од 25 години, освен доколку претседателот не го промени тоа. Крајниот рок е денешниот ден, 26.10.2017.

Заговор или осамен стрелец?

Тони Гловер, која била сведок на убиството кога имала 11 години, смета дека можеби постои уште еден стрелец. Некои веруваат дека другиот стрелец пукал од тревниот рид, од каде што поминала лимузината на претседателот. Тони смета дека ако имало и втор стрелец, тој бил од другата страна на патот.

Џеферсон Морли, поранешен новинар, напишал неколку книги за убиства, вклучувајќи и една за поранешен шеф на ЦИА, Џејмс Англетон. Тој се сомнева дека Освалд го убил Кенеди. Вели дека фаталниот истрел поверојатно е дека дошол однапред отколку одзади, бидејќи главата на Кенеди се придвижува наназад. Парафински тест, пак,  кој бил спроведен на образот од Освалд, откако бил уапсен, покажал дека тој не ракувал со пушка, но прецизноста на тестот била ставена под знак прашалник.

Џон Конали, гувернерот на Тексас, кој патувал со Кенеди во автомобилот, рекол дека не бил погоден со истиот куршум како претседателот, што е контрадикторно со откритијата на комисијата. Тој смета дека приказната за непознатиот човек кој дошол од никаде, Освалд и го убил Кенеди, не е логична.

Томас Волен, професор на Универзитетот во Бостон, смета дека сепак Освалд е виновникот. Тој само го поставува прашањето дали Освалд бил дел од поголем заговор? Има сознанија дека тој патувал во Советскиот Сојуз во 1959 година и аплицирал за државјанство, па живеел таму до 1962 година. Исто така, се прокламирал како марксист и ги посетил амбасадите на Куба и на Русија во Мексико, во септември 1963, два месеца пред Кенеди да биде убиен.

досие Кенеди убиство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.