Два по одлуката за повлекување од завршниот Мастерс во Лондон, Рафаел Надал се подложи на хируршка интервенција на зглобот што му беше доверена на доктор Анхел Руиз Которо. Според него, зафатот врз шпанскиот тенисер траел 35 минути и минал во најдобар ред.
„Отстранување на туѓо тело од зглобот беше причина за операцијата врз Рафа Надал. На тоа беше принуден поради неможноста нормално да се движи. Сега решивме да ставиме крај на проблемот сега“, изјави Руиз-Которо.
Надал има хронични повреди што негативно влијае врз него оваа сезона во која одигра и помалку натпревари за разлика од претходните години.