Трудницата која вчеравечер пристигна со конвојот бегалци од Авганистан, попладнево се породила на ГАК и родила здраво машко дете, дознава Нова.
Бебето е тешко три килограма и двесте грама, а според информациите и бебето и мајката се чувствуваат добро.
Трудницата беше дел од 149-те граѓани на Авганистан кои вчеравечер пристигнаа во Скопје, која по слетувањето веднаш била подложена на лекарски контроли.
Инаку, на скопскиот аеродром пристигнаа граѓани на Авганистан, вработени, соработници и членови на нивни семејства, на меѓународната организација Отворено владино партнерство (Open Government Partnership – OGP) каде што Северна Македонија е официјално членка, како и вработени и соработници на Wold Economic Forum и други меѓународни организации.
Станува збор за граѓани кои биле животно загрозени од талибанските структури и на кои им помагаме да си го спасат животот. Тоа се граѓани кои 20 години работеа за демократските институции, мисии и меѓународни организации во Авганистан.
Првиот контакт на скопскиот аеродром со граѓаните кои ни пристигнуваат од Авганистан , ќе го имаат од Црвениот крст , со што се испраќа порака на топло добредојде , солидарност и поддршка која спасува живот. Притоа ќе добијат вода, маска и средство за дезинфекција.МВР Ќе ги спроведе сите безбедносни проверки, Министерството за здравство ќе обезбеди PCR тестови и можност за вакцина.