Еден од најбараните убијци во Австрија, Мирсад Саќировиќ, кој пред шест години пред виенскиот клуб „Вива“ уби еден припадник на обезбедувањето, и се предал на полицијата.
Тој во австриското МВР се водел како еден од најбараните по убиството во 2009 година.
Според медиумите во Австрија тогашното убиство било по нарачка а било поврзано со рекетирање.
Саќировиќ на 19.април 2009 година шетал пред клубот, кога одлучил во 1.30 часот по полноќ да пука во обезбедувањето.
Со четири куршуми во телото убиен е телохранителот Далибор С. а сопственикот на клубот бил ранет со два куршума.
Убиецот Саќировиќ пукал и кон очевидец но го промашил. Тој иако е идентификуван многу брзо, успешно се криел во Србија.
Тој поседува српско државјанство, роден е во Нови Пазар.



