Брод со околу 700 мигранти се превртел во Медитеранското море, информира Би-би-си од извори од италијанските морски власти.
Бродот на кој имало меѓу 500 и 700 мигранти се превртел некаде околу полноќ и досега се спасени само 28 патници. Италијански бродови, морнарицата на Малта, како и приватни пловила се вклучени во операцијата за спасување на бродоломците во водите на Либија.
Точното место на несреќата е 210 километри јужно од италијанскиот остров Лампедуса.
Малтешкиот премиер Џозеф Мускат на својот твитер-акаунт напишал дека се стравува оти многу од патниците се мртви, се зборува за стотици, додека медиумите на Малата информираат оти до несреќата дошло кога најголем дел од патниците наеднаш се префрлиле на една страна од пловилото за да поздрават трговски брод кој минувал во близина.




