Француската полиција употреби солзавец синоќа, за да ги растера мигрантите во бегалскиот камп крај Кале, познат како „Џунглата“, кои протестираа. Запалени беа контејнери, а група мигранти фрлаа камења кон полицијата.
Од денеска започна евакуација на бегалците, кои ќе бидат однесени со автобуси во прифатни центри.
Во провизорниот град од шатори се уште живеат меѓу 6 и 8 илјади луѓе. Властите сакаат да ги префрлат во други сместувалишта за бегалци во земјата. Меѓу другото и затоа што зимата е пред врата.
Кампот се претвори во симбол на неспособноста на Европа да ги прифати и смести мигрантите, кои доаѓаат од конфликтните зони во Азија и Африка.
Хуманитарците ги критикуваат властите за лоша комуникација.
Велика Британија започна да ја прима првата група од вкупно 1.300 деца-мигранти без родители кои живеат во кампот крај Кале.





