Британскиот премиер Дејвид Камерон ќе побара од кралицата Елизабета II да го распушти Парламентот и да започне предизборната кампања за изборите закажани за 7.мај.
Исходот од изборите за сега е неизвесен, а според истражувањето на јавното мнение, и конзервативците и лабуристите имаат сличен рејтинг. ТВ дебатата помеѓу седумте лидери на британските партии е закажана за 2.април.
Камерон пред јавноста вети дека ќе го подобри здравјето во земјата, додека лабуристите и нивниот лидер Ед Милибенд ветија фокусираност на животниот стандард.
Според Милибенд, ветувањата на Камерон дека ќе се одржи референдум за членство во ЕУ ќе ја воведе земјата во економски хаос доколку победат конзервативците.
ТВ дебатата помеѓу двајцата најсилни претенденти за премиерската функција веќе се одржа на 26.март годинава, а до почетокот на изборите закажани се уште три.
Следната дебата е закажана за 2.април во која сите седум лидери ќе дебатираат, додека на 16.април, ќе се одржи дебатата со петмината лидери на опозициски партии.
На 30.април е завршната на која заедно со Камерон дебатираат и лидерот на Лабуристите Ед Милибенд како и лидерот на Либералдемократите Ник Клег, кој воедно е и заменик-премиер во Британија.




