Утрово околу 5 часот и 20 минути по локално време „се разбуди“ Етна, најголемиот активен вулкан во Европа.

Ерупцијата траела неколку часа, а се случила на југозападната страна свртена кон долината Бов.

Населените места во околината на вулканот не биле загрозени, јавува италијанската агенција АНСА.

Во 2013 ова е првата ерупција на Етна, инаку доста активен вулкан.