Минатиот месец на 25.ноември, во американската држава Тенеси се роди Ема Гибсон, чие име за јавноста не е познато по ништо особено.

Но приказната за Ема е во фокусот на американските медиуми бидејќи на свет е дојдена од замрзнат ембрион стар 25 години. Ембрионот бил замрзнат во медицински центар во Тенеси во 1992 година на 14.октомври.

Родителите на Ема Гибсон, Тина и Бенџамин биле изненадени исто така кога им било кажано колку време ембрионот бил чуван.

„Овој ембрион и јас сме можеле да бидеме најдобри пријателки. Не ми беше важно, сакав само да имам бебе“, раскажува 26-годишната Тина Гибсон, на која не и е важно дали се работи за светски рекорд, ако се знае дека претходно најстариот ембрион беше 20 години.

Ема Гибсон се родила со тежина 2 килограми и 900 грама, без никакви компликации.