Еден од најпознатите албански, аналитичари, публицисти и новинар Кастриот Муфтарај, си го одзеде животот фрлајќи се од четвртиот кат од објектот каде што живеел, пишува албанскиот портал albaniandailynews.

Полицијата потврди дека немилиот настан се случил во 12:55 часот во населбата „Али Деми“ во Тирана и додава дека во тек е увид.

Од 28 септември 2017 година, ја водеше емисијата „Зборува Москва“, последната емисија на тема „План за атентат на сопственик на медиум“ беше на 17 јуни, од кога не бил виден во јавноста.

-Целта на мојата емисија е да им ги откријам лагите што на народот му ги нуди политиката, медиумите кои се на нејзина услуга, како и наследените историски лаги, велеше Муфтарај.

Како што пишуваат медиумите, сè се случило пред очите на неговата мајка, со која живеел. Муфтарај беше роден 1966 година во Корча.