Покрената е кампања за собирање на 150.000 потписи во Словачка и 50.000 во Чешка за повторно обединување на земјите. Целта на иницијативата е во 2018 Прага и Братислава да распишат референдум на кој граѓаните ќе го дадат свој збор за тоа дали се за обединување.
Според организаторите на движењето со ваква идеја, одлуката воп 1992 година за одделување на земјите била донесена поради политички причини, да се подели држава која функционирала добро за граѓаните.
– Според анкетите, голем дел на граѓани сметаат дека поделбата на Чехословачка беше грешка и не би прифатиле на тоа доколку можеа да гласаат. Во Чешка 70 отсто од анкетираните се против поделбата, во Словачка 40 0тсто, се вели на сајтот на движењето.
Движењето оваа одлука им ја препишува на тогашните политичари Вацлав Клаус и Владимир Мечијар, кои не им дале можност за гласање на граѓаните.
– Заедничката држава би имала позначајна улога во светот, би била посилна и поефикасно ќе се справува со заканите и внатрешната политика, порачуваат иницијаторите.
2018 е избрана како симболика на 100-години од настанувањето на Чехословачка, и реализација на визијата на првиот чехословачки претседател Томаш Гариг Масарик.




