Војводата и војвотката од Кембриџ, принцот Вилијам и принцезата Кејт се во очекување на трето дете, објави денеска палатата Кенсингтон. Оттаму објаснуваат дека Кејт во своите 35 години и трета бременост, страдала од утрински мачнини.

Кралското семејество веќе имаат две деца, Џорџ (4 години) и Шарлот (2 години).

Третото нивно дете ќе биде петто во редот за тронот после принцот Чарлс, принцот Вилијам, принцот Џорџ и принцезата Шарлот.

Во 2015 година Велика Британија направи измени во наследниците на тронот стопирајќи ја праксата да машките бидат пред своите сестри во хиерархијата до кралската круна.

За кралицата, ова ќе биде шесто правнуче.

Честитки за војводата и војвотката од Кембриџ веќе упати премиерката на Велика Британија, Тереса Меј преку Твитер, која напиша „Ова се фантастични вести. Честитки до војводата и војвотката од Кембриџ“.