Published: Sunday, March 6, 2022 11:38
Радио „Слободна Европа“ (РСЕ) ја прекинува својата работа во Русија, соопшти медиумот.
Во соопштението потпишано од претседателот и извршен директор на РСЕ, Џејми Флај се наведува дека „рускиот сервис на Радио „Слободна Европа“ се соочува со стечајна постапка и дека неговите новинари биле под притисок на полицијата“.
Сервисот ќе продолжи да се обидува да допре до руската публика, користејќи ја „секоја можна платформа“, додаде тој.
Неколку медиумски организации, вклучително и „Би-Би-Си“, ја прекинаа работата во Русија, како одговор на новиот закон со кој се заканува затворска казна за секој за кој владата верува дека шири „лажни вести“ за руските вооружени сили.




