Транспортен авион на американската морнарица со 11 членови на екипажот се сруши во водите близу јапонскиот остров Окинава додека се движел кон платформата „Роналд Реган“, соопштија американксите служби.
Во моментов се одвива спасувачка акција како и истрага бидејќи не се познати причините за падот на авионот.
Министерот за одбрана на Јапонија, Икунори Онодера изјави дека можно е авионот да се срушил поради неисправен мотор во Филипинското Море.