Хеликоптер во сопственост на претседателот на Лестер вечерва се срушил покрај стадионот „Кинг Пауер“, јавуваат светските медиуми. Нема информации кој бил во хеликоптерот, но според некои од спортските медиуми внатре бил тајландскиот милијардер Вичиа Шривадханапрабх, кој е сопственик на хеликоптерот, заедно со семејството.
После натпреварот помеѓу Лестер и Вест Хем хеликоптерот полетал, изгубил контрола и завршил на паркингот на стадионот.
Според очевидци, пилотот веднаш изгубил контрола и само неколку секунди по полетувањето се срушил.
„Перките на опашката не работеа, моторот престана да работи, по што се слушна силен звук. Кога се свртев елипсите почнаа да вртат, а хеликоптерот падна на земја. Се се претвори во џиновска топка од оган“, изјавил еден од навивачите кој бил на стадионот.
Нема официјална потврда од полицијата кој бил во хеликоптерот, дали и колку луѓе се повредени или загинати.





