Published: Friday, November 1, 2013 15:52
Повеќе луѓе се повредени откако два трамваи се судрија денеска во близина на Техничкото училиште во Сараево.
Како што објавува „Дневни аваз“ до несреќата дошло нешто пред 14 часот, а полицијата се уште не го соопштува точниот број на повредени лица.
Дел од повредените се пренесени во болница, а сообраќајот во тој дел од градот е блокиран.




